AUS Open: Одличен старт на првите носители Џоковиќ и Серена Вилијамс во 1.коло

Loading

Првите носители и главни фаворити за титулата на првиот тениски гренслем во годината Австралија опен, Новак Џоковиќ во машка и Серена Вилијамс во женска конкуренција со победи ја започнаа одбраната на титулата.

nole-serena

Џоковиќ, во првото коло, со 3-0 во сетови го пбоеди тенисерот од Јужна Кореа, Хјеон Чунг 6:3, 6:2, 6:4, а мечот траеше нешто помалку од 2 часа.

Првото коло во машка конкуренција го минаа Гофин, Нишикори, Тим, Андухар, Алмагро, Бердих, Чилиќ, Гарсија-Лопез, Симон и Долгополов.

Кај дамите Серена Вилијамс извојува тешка победа над Италијанката Камила Џорди со 2:0 во сетови 6:4, 7:5, во меч во кој Серена сервираше девет асови, а имаше и 19 винери и 22 неизнудени грешки.

Пласман во второто коло кај дамите обезбедија уште и Квитова, Суарез-Наваро, Младеновиќ, Радванска, Винчи, Бенчиќ, Никулеску, Кузњецова.

Австралија опен во Мелбурн, се игра за награден фонд од 44 милиони австралиски долари.