Видео: Спарси со нов рекорд во победи на домашен терен, победи на Оклахома и Хјустон

Loading

Сан Антонио Спарс, синоќа го собори рекордот на франшизата, откако во тексашкото дерби против Далас стигна до 24-от триумф по ред на домашен терен.

mavs-spurs

Сан Антонио славеше со 112:83, а доколку се смета и финишот на минатата сезона Сан Антонио има серија од 33 победи пред своите навивачи.

Олдриџ со 23 поени и 7 скока, односно Борис Дио со 16 и Ленард со 15 поени ги предводеа Спарси до победата на овој меч.

Денвер со пресврт во последната четвртина славеше над Индијана 129:126, a последниот период го доби со резултат 45:35. Галинари со 23 и Бартон со 21 поен беа најефикасни во редовите на победникот, додека кај Индијана се истакнаа Тарнер со 25 и Елис со 24 поени.

Оклахома, предводена од Расел Вестбрук, славеше со 99:74 во дуелот со Мајами, a Вестрбрук оствари „трипл дабл“ од 13 поени, 10 скокови и 15 асистенции.

Минесота го доби Феникс убедливо со 117:87 и ја прекина серијата од 9 порази по ред. Рубио и Вигинс со по 18 поени беа најефикасни во редовите на Минесота.

И Хјустон, во Лос Анџелес, стигна до убедлива победа против Лејкерси со 112:95. Харден со 31 поен, Хауард со 14 поени и 15 скокови беа најефикасни кај победникот, а на спротивната страна Вилијамс постигна 20 поени, а Рендл 10 поени и 12 скокови.

За вечерва предвидени се 10 нба средби:

Њујорк – Филаделфија
Шарлот – Јута
Вашингтон – Портланд
Мемфис – Њу Орлеанс
Детроит – Чикаго
Атланта – Орландо
Торонто – Бруклин
Кливленд – Голден Стејт
Далас – Бостон
ЛА Клиперс – Хјустон