Видео: Отпишаната Германија на крајот стана нов европски шампион во ракомет!

Loading

Ракометната репрезентацијата на Германија стана нов владетел со ракометна Европа.

germanija ep champion

Младиот и перспективен тим предводен од исландскиот чудотворец на клупата, Дагур Сигурдсон, во големото финале на ЕП 2016 во Полска, во Таурон Арената во Краков ја победи Шпанија со 24-17.

Ова за Германија беше 11. настап на европските шампионати и втора шампионска титула. Првата Германците ја освоија во 2004 година на ЕП во Словенија.

Ова воедно е и големо враќање на Германија на европската ракометна сцена откако имаа успешно подмладување на тимот.

На претходното ЕП 2014 во Данска, Германците не беа ни меѓу 16 репрезентации што настапија на завршниот турнир, а две години подоцна се враќаат и тоа директно на победничкиот пиедестал.

Хефнер со 7 гола беше најефикасен играч во составот на Германија во мечот за титулата, а Андреас Волф заврши со 16 одбрани на голот на новиот европски шампион, додека на спротивната страна,  Раул Ентрериос постигнаа 5 гола, а Арпад Штербик запиша 14 одбрани.

Македонија на ова ЕП го освои 11 место, обезбеди олимписки квалификации, а ја доби Чешка во баражот за СП 2017 година во Франција.