НБА: Воините продолжија со победи, Клиперс и Мајами ги добија дерби пресметките!

Loading

Во НБА лигата се одиграа 7 средби.

grin

Голден Стејт, во Њујорк, ја одиграа најлошата четвртина во сезоната, во која постигнаа само 18 поени, но во второто полувреме стигна до убедлива победа над Никси со 116:95.

Стеф Кари, мечот го заврши со 13 поени, но Клеј Томпсон даде 34 поени, а Дрејмонд Грин ‘трипл дабл’ од 20 поени и по 10 скокови и асистенции. Њујорк го предводеше Кармело Ентони со 24 поени и 10 скокови.

ЛА Клиперси го декласираа Чикаго со 120:93. Најдобар кај победникот беше Крафорд со 26 поени, Џеј Џеј Редик постигна 21, а Деандре Џордан 17 поени и 20 скокови. Џими Батлер со 23 поени, односно Дерик Роуз со 20 кошеви го предводеа Чикаго.

Мајами славеше над Атланта во дербито на истокот со 105:87 и ја забележа четвртата победа по ред, Коби Брајант постигна 23 поени, но Лејкерси загубија од Шарлот 82:101, Орландо го победи Бостон 119:114, а Далас го надигра Феникс 91:78.

За вечерва предвидени се 9 натпревари.