Видео: Милан владее со Милано, голема победа над градскиот ривал Интер!

Loading

Во последниот натпреварот од 22 коло во Италијанското Калчо во градското дерби на Сан Сиро, Милан го декласира Интер со 3:0.

mil-int

Со триумфот во дербито Милан ја оствари најважната победа сезонава и повторно се вклучи во трката по местата кои носат настап во европските купови.

 

Дуелот на „Сан Сиро“ донесе голема борба, а на крајот нијанси решаваа околку конечниот победник. Без шанси мина првото полувреме, а единствениот гол го постигна Алекс во 35.минута, по центаршутот на Хонда.

Интер во вториот дел тргна по израмнување, Икарди изнуди пенал од Алекс во 70.минута, но Аргентинецот го погоди само дирекот.

mil-int1

Следуваше казната, најпрво Карлос Бака само три минути подоцна зголеми на 2-0 во 73 минута, Нијанг во 77 ги постави конечните 3:0 за росоњерите кои останаа на 6-тото место со 36 бода, 14 помалку од лидерот Наполи.


All Goals HD – AC Milan 3-0 Inter 31.01.2016 HD by zidanekrisz