Видео: Милан триумфално на Сан Сиро против Фиорентина, победа од 2-0!

Loading

Фудбалерите на Милан го добија дербито на Сан Сиро против Фиорентина со 2-0 во рамките на 20.коло во Серија А.

bacca22

На тој начин тренерот Синиша Михајловиќ се спаси од отказ и останува и понатаму на клупата на Росоњерите.

За победата се погрижија Карлос Бака уште во 4-тата минута, а точка на натпреварот стави повратникот во екипата Кевин Принц Боатенг во 88 минута.

Со новите три бода Милан се искачи на 6. место со 32 освоени бода и заостанува 12 бода од лидерот Наполи кој има 44 бода.

Во продолжение погледнете ги двата гола на Милан против Фиорентина…