Македонија никогаш не губи на Водици, да продолжи традицијата и денеска!

Македонија денеска од 18:15 часот игра против Србија во третото коло од ЕП 2016 во Полска.

makedonski-navivaci

Традицијата покажува дека секогаш кога нашите ракометари играат на Водици, победуваат, да се надеваме дека така ќе биде и по мечот со нашиот северен сосед.

На Водици пред четири години на ЕП 2012 во Србија, Македонија во клучниот натпревар за пласман во следната фаза ја совлада Чешка со 27:21 и ја оствари целта.

Исто така на Водици во 2009 година Македонија ја совлада Полска и си ги подотвори вратите на втората фаза од Светското првенство во Хрватска.

Македонските ракометари тогаш го победија светскиот вицешампион со 30:29 во Вараждин, потоа продолжија во Задар и на крајот во Загреб го освоија 11-тото место.

Да продолжи и денеска традицијата на победи и на овој голем христијански празник, им посакуваме многу среќа и да не израдуваат со победа и пласман во следната рунда.

Напред Македонија!