Видео: Денвер кобен за Г.Стејт, ЛА Клиперс со 10-та победа по ред!

Loading

Во НБА лигата се одиграа 11 натпревари, каде за одбележување е третиот пораз на шампионите Голден Стејт кои загубија од Денвер со 112-110.

gali

Денвер до победата го предводеа Галинари со 28 поени, Бартон со 21, Харис имаше 19 поени, а Артур 18 поени и 11 скокови.

Кај Голден Стејт одлична партија имаше Стеф Кари, кој запиша 38 поени, 9 асистенции и 5 скокови и сам неможе да го однесе шампионот кон нова победа.

denver

ЛА Клиперси стигнаа и до 10-тата победа по ред откако во дербито го победија Мајами со 104-90. Кол Олдриџ оствари 19 поени и 7 скока, додека Пол Пирс, Крис Пол и Џамал Крафор завршија со по 15 поени.

Кај Мајами Џералд Грин даде 19 поени, 16 постигна Вејд, а Крис Бош мечот го заврши со 11 поени и 12 скокови.

Оклахома го победи Далас со 108:89. Дурент даде 29 поени и 10 скокови, Ибака 20 поени и 11 скокови, а Дион Вејтерс 18 поени и 5 асистенции. Вестбрук беше исклучен од натпреварот во втората четвртина.

Во другите средби Шарлот-Атланта 107-84, Вашингтон-Милвоки 106-101, Бруклин-Њујорк 110-104, Бостон-Индијана 103-94, Хјустон-Минесота 107-104, Портланд-Јута 99-85 и Сакраменто-Њу Орлеанс 97-109.

За вечерва предвидени се 6 средби.