ФИФА ги казни Реал и Атлетико Мадрид!

Дисциплинската комисија на ФИФА денеска донесе одлука со која им се забранува на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид да купуваат нови играчи во следните два преодни рока поради кршење на правилата за трансфер и доведување на играчи под 18 години.

fifa ban

Па така Реал и Атлетико Мадрид суспензијата ќе ја одработат во следните два преодни рока-летниот во оваа 2016 година и зимскиот кој трае до крајот на јануари 2017 година, но забраната не се однесува на актуелниот преоден рок кој трае до 31 јануари.

Освен оваа казна, двата мадридски клуба ќе треба да платат и парична казна од 900.000 швајцарски франци, а добија и рок од 90 дена да ја регулираат состојбата со сите малолетни играчи.

ФИФА ја донесе оваа одлука врз основа на истрагата насочена на малолетни играчи кои во клубовите учествувале во натпреварувања во различни периоди од 2007 до 2014 за Атлетико, односно од 2005 до 2014 за Реал Мадрид.

Слична ваква казна од ФИФА претходно заработи и Барселона минатата година.