Играчот на ракометниот клуб Вардар, Сергеј Горбок по крајот на сезоната ќе си замине од македонскиот шампион.
Рускиот ракометен репрезентативец од наредната сезона ќе се пресели во Унгарија и во тимот на вицепрвакот ПИК Сегед.
Горбок потпишал двегодишен договор, а трансферот го потврди и унгарскиот тим.
Левиот бек, оваа сезона е еден од најдобрите играчи на ’црвено црните’ и реши предвреме да си замине од Вардар.
Неговиот договор истекуваше наредното лето, но договори спогодбен раскин на договорот и по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Унгарија.
Тој дојде во Вардар минатата сезона од германскиот бундеслигаш Рајн Некар Левен.