Ајверсон, Шек и Јао Минг наскоро во Куќата на славните во Спрингфилд!

Loading

„Хол оф фејм“ класата за 2016-та година, покрај Шекил О’Нил, Ален Ајверсон и Јао Минг, кога се оние кои се за прв пат номинирани во прашање, би можела да биде составена и од тренерот Том Изо и ВНБА легендата Шерил Свупс.

hale of fame

Сепак, сосема е јасно дека Шек, Јао и Ајверсон ќе се најдат во преден план како главни ѕвезди на потенцијалната листа на нови жители на „Куќата на славните“ во Спрингфилд.

Чест со која О’Нил и Минг се стекнаа по најновата промена која дозволува еден играч да влезе во конкуренција четири години по неговата последна сезона како активен играч.

Правило кое до сега изнесуваше 5 години. Финалистите во изборот за нови членови на „Хол оф фејм“ ќе бидат објавени на посебна свеченост на 12-ти февруари за време на Ол стар викендот во Торонто.

Тие кои ќе бидат овековечени како кошаркарски „бесмртници“ ќе бидат познати пред финалето на НЦАА Фајнал форот во Хјустон, закажано за 4-ти април следната година.