Момир Илиќ останува во Веспрем до 2019 година

Српскиот ракометен репрезентативец Момир Илиќ го продолжи договорот со унгарскиот тим Веспрем кои му понудиле продолжување на соработката до 2019 година.

momir-ilic-veszprem1

Триесет и четири годишниот Илиќ ја прифатил понудата, а во унгарскиот првак дојде во 2013-тата.

Илиќ на тој начин останува во Веспрем и во следните 4 години.

Двократниот најдобар стрелец во Лигата на шампионите пред доаѓањето во Веспрем настапуваше за Шамот, Колубара, Раднички, Горење, Гумерзбах и Кил.

Момир Илиќ беше предводник на генерацијата на Србија која на Европскиот шампионат во неговата земја го освои сребрениот медал во 2012 година.