Реал Мадрид без Марсело, Бејл, Пепе и Модриќ против Рома во ЛШ!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, се соочува со големи проблеми пред продолжувањето на настапите на неговиот тим во Лигата на шампионите, каде во осминафиналето Реал Мадрид ќе ги одмери силите во двомечот против Рома.

Real Madrid's French coach Zinedine Zidane during a press conference held after a team's training session at Valdebebas Sports complex in Madrid, Spain, 12 February 2016. Real Madrid will face Athletic Bilbao in a Spanish Primera Division soccer match the upcoming 13 February. EFE/Juan Carlos Hidalgo

Зидан има проблеми со составување на тимот бидејќи нема да може да смета на Пепе, Герет Бејл и Марсело.

Пепе заработил повреда на тренингот која ќе го оддалечи неколку недели од терените, а кога на сето тоа ќе се додадат и полесните повреди на Лука Модриќ и Дани Карвахал, може да се заклучи дека Реал навистина ќе има тешка задача против Рома, која влезе во победнички ритам во Серија А.

pepebalebarce

Реал Мадрид во шпанија викендов го победи Атлетик Билбао со 4-2, а веќе в среда ќе ѝ гостува на Рома во Рим.

Реванш средбата се игра на 8 март во Мадрид на Бернабе.