Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, се соочува со големи проблеми пред продолжувањето на настапите на неговиот тим во Лигата на шампионите, каде во осминафиналето Реал Мадрид ќе ги одмери силите во двомечот против Рома.
Зидан има проблеми со составување на тимот бидејќи нема да може да смета на Пепе, Герет Бејл и Марсело.
Пепе заработил повреда на тренингот која ќе го оддалечи неколку недели од терените, а кога на сето тоа ќе се додадат и полесните повреди на Лука Модриќ и Дани Карвахал, може да се заклучи дека Реал навистина ќе има тешка задача против Рома, која влезе во победнички ритам во Серија А.
Реал Мадрид во шпанија викендов го победи Атлетик Билбао со 4-2, а веќе в среда ќе ѝ гостува на Рома во Рим.
Реванш средбата се игра на 8 март во Мадрид на Бернабе.