Нов дебакл на Манчестер Ј. по елиминацијата од ЛШ. Пораз и од фенерџијата Бурнмаут

Фудбалерите на Манчестер јунајтед доживеа уште еден пораз, втор по ред откако загубија на гостувањето кај Бурнмаут со 2:1.

BOURNEMOUTH, ENGLAND - DECEMBER 12: Joshua King (1st R) of Bournemouth celebrates scoring his team's second goal with his team mates during the Barclays Premier League match between A.F.C. Bournemouth and Manchester United at Vitality Stadium on December 12, 2015 in Bournemouth, United Kingdom. (Photo by Jordan Mansfield/Getty Images)

Натпреварот беше во рамките на 16. коло од англиската Премиер лига, а требаше да биде една рехабилитација на тимот, кој пред 3 дена беше елиминиран од Лигата на шампионите.

Сега се поставува прашањето дали тренерот Луи ван Гал ќе се соочи со отказ или неговата позиција и понатаму ќе остане црвста во пресрет на божиќните празници.

Ван Гал ќе бара оправдување дека голем број од неговите фудбалери се повредени, но ако се споредат бројките на Олд Трафорд, тогаш може да се забележи дека тој не е ништо подобар од неговиот претходник Дејвид Мојс, кој доби отказ.

BOURNEMOUTH, ENGLAND - DECEMBER 12: Junior Stanislas (not pictured) of Bournemouth scores his team's first goal during the Barclays Premier League match between A.F.C. Bournemouth and Manchester United at Vitality Stadium on December 12, 2015 in Bournemouth, United Kingdom. (Photo by Steve Bardens/Getty Images)

Холанѓанецот имаше огромни средства, кои што ги потроши на звучни имиња, но под негово раководство едноставно забораваат да играат фудбал.

Како е тоа можно??? Така беше со Ди Марија, Фалкао, Рохо, а се поблиску е големата надеж на меѓународниот фудбал Мемфис Депај.

Навивачите ја бараат неговата оставка, но главниот збор ќе го имаат членовите на семејството Глејзер, кои се многу лојални поддржувачи на трофејниот тренер.

Инсерти од натпреварот: