Селекторот Обрван го објави списокот на 28 ракометари кои ќе се борат за настап на ЕП 2016 во Полска

Loading

Селекторот на машка ракометна репрезентација на Македонија, Ивица Обрван го објави список од 28 ракометари кои ќе бидат во конкуренција за настап на ЕП во ракомет во Полска во јануари 2016 година.

Obrvan

На списокот не е голманот на Вардар, Петар Ангелов кој не беше ниту на претходната прозивка за турнирот во Хрватска, а новина е повикот за Даниел Дупјачанец, кој по добрите одбрани во Металург е вклучен во националниот тим.

Македонија на ЕП во Полска ќе игра во силна група со Франција, Србија и домаќинот Полска, а шампионатот започнува на 15 јануари 2016.

Македонија своите натпревари од групата ќе ги игра во Краков.

Ова е списокот на 28 ракометари:

1. Борко Ристовски
2. Даниел Дупјачанец
3. Никола Митревски
4. Златко Даскаловски
5. Дејан Манасков
6. Гоце Ојлески
7. Гоце Георгиевски
8. Бојан Маџовски
9. Мартин Велковски
10. Никола Костески
11. Стојанче Стоилов
12. Жарко Пешевски
13. Никола Маркоски
14. Филип Лазаров
15. Аце Јоновски
16. Филип Миркуловски
17. Наумче Мојсовски
18. Горан Кузмановски
19. Никола Стојчевски
20. Немања Прибак
21. Кирил Лазаров
22. Влатко Митков
23. Филип Талески
24. Филип Кузмановски
25. Милорад Кукоски
26. Велко Маркоски
27. Дарко Димитриевски
28. Стефан Дрогришки