Реал Мадрид во офанзива за потписот на Роберт Левандовски од Баерн Минхен

Пољакот Роберт Левандовски е еден од најдобрите напаѓачи во светот, а Реал Мадрид покажува сериозен интерес да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“.

levandovski

Aгентот на Левандовски, Чезари Кучарски пристигнал во Мадрид на повик на претседателот на Реал Флорентино Перез за да разговараат за евентуален трансфер на Бернабе.

Левандосвки пред неколку дена ја одби првата понуда на Баерн Минхен за продолжување на договорот до 2019 година, а тоа беше јасен сигнал за Реал Мадрид да тргне во лов на полскиот напаѓач.

Левандовски доколку дојде во Реал Мадрид ќе стане втор најплатен фудбалер во тимот, веднаш позади Кристиано Роналдо.

Роберт не сакал порано да дојде во Реал бидејќи Роналдо беше на врвот на кариерата, па сега смета дека е вистинско време да стане прва ѕвезда на „кралевите“.