Фудбалерите на Манчестер јунајтед доживеа уште еден пораз, втор по ред откако загубија на гостувањето кај Бурнмаут со 2:1.
Натпреварот беше во рамките на 16. коло од англиската Премиер лига, а требаше да биде една рехабилитација на тимот, кој пред 3 дена беше елиминиран од Лигата на шампионите.
Сега се поставува прашањето дали тренерот Луи ван Гал ќе се соочи со отказ или неговата позиција и понатаму ќе остане црвста во пресрет на божиќните празници.
Ван Гал ќе бара оправдување дека голем број од неговите фудбалери се повредени, но ако се споредат бројките на Олд Трафорд, тогаш може да се забележи дека тој не е ништо подобар од неговиот претходник Дејвид Мојс, кој доби отказ.
Холанѓанецот имаше огромни средства, кои што ги потроши на звучни имиња, но под негово раководство едноставно забораваат да играат фудбал.
Како е тоа можно??? Така беше со Ди Марија, Фалкао, Рохо, а се поблиску е големата надеж на меѓународниот фудбал Мемфис Депај.
Навивачите ја бараат неговата оставка, но главниот збор ќе го имаат членовите на семејството Глејзер, кои се многу лојални поддржувачи на трофејниот тренер.
Инсерти од натпреварот: