НБА: Сан Антонио и Кливленд ги продолжија победничките серии, Лејкерс среќно до победа!

Loading

8 натпревари се одиграа во НБА лигата.

nba1

Лидерот на истокот Кливленд по едно продолжение го победи Далас со 110:107. Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг беа лидери на Кавси во победата со 27 односно 22 коша. Кевин Лав додаде 15 поени и 11 скокови за гостите од Кливленд.

Кај Мавси најефикасен со 25 поени беше Чендлер Парсонс, а Дирк Новицки додаде 17 поени и 11 скокови.

До деветата победа по ред стигна Сан Антонио откако во Детроит славеше со 109:99. Спарси само го потврдија вториот најдобар скор во лигата од 34 победи и 6 порази.

Тони Паркер даде 31, а Ламаркус Олдриџ 22 поени и 13 скокови за Спарси за кои 15 поени додаде Ману Џинобили, додека Тим Данкан заврши со 14 поени и 9 скокови.

Кај Пистонси најдобри беа Калдвел-Поуп со 25 и Андре Драмонд со 17 поени и 10 скокови.

Во другите средби Индијана-Феникс 116-97, Њујорк-Бостон 120-114, Мемфис-Хјустон 91-107, Милвоки-Чикаго 106-101, Минесота-Оклахома 96-101 и Лејкерс-Њу Орлеанс 95-91.

За вечерва предвидени се 11 средби.