Ракометната репрезентација замина за Полска

Loading

Ракометната репрезентација на Македонија од скопскиот аеродром „Филип Втори“ со чартер лет замина за Краков, Полска, ќе настапи на Европското првенство во ракомет 2016.

rakomet repre1

Ракометарите беа расположени и со оптимизам отпатуваа за Полска. Македонија е во исклучително тешка група заедно со Франција, домаќинот Полска и Србија.

На ова ЕП, Македонија отпатува добро подготвена и без проблеми со повредени ракометари.

Во подготовките со Словенија и Црна Гора, Македонија забележа две победи и две реми средби, без пораз.

Желбата е пласман во вториот круг и подобрување на пласманот од претходните шампионати.

rakomet repre

Се очекува селекторот Ивица Обрван вечерва да го одработи и првиот тренинг на полско тло во салата „Таурон арена“ каде Македонија во петок игра против Франција во 18 часот.