Македонија доби ждрепка по мерак во квалификациите за настап на ЕУРО 2017

Loading

Македонската кошаркарска репрезентација денеска со ждрепка ги доби противниците во квалификациите за пласман на европското првенство во 2017 година.

kosarka

Па така сениорите ќе се борат со Унгарија, Велика Британија и Луксембург за Евробаскетот што ќе се одржи во Романија, Турција, Финска и Израел, на ждребот што се одржа во Минхен.

Натпреварите од квалификациската рунда ќе се одржат од 31 август до 17 септември.

Така Македонија доби релативно лесни противници и има ширум отворена врата за пласман на следниот европски кошаркарски самит.

Сега МКФ треба сериозно да се зафати со работа и да постави нов селектор, па да се разработи потребната стратегија за што е можно подобра организација, пред почетокот на следните квалификации.

Составите на другите шест групи се :

А – Група: Белгија, Исланд, Швајцарија, Кипар.
Б – Група: Германија, Холандија, Австрија, Данска.
Ц – Група: Русија, Босна и Херцеговина, Шведска.
Д – Група: Полска, Естонија, Белорусија, Португалија.
Е – Група: Словенија, Украина, Бугарија, Косово.
Ф – Група: Грузија, Црна Гора, Словака, Албанија.

Победниците на седумте квалификациски групи и четирите најдобри второпласирани репрезентации обезбедуваат пласман на Евробаскетот во 2017 година.

grupa-G

Во квалификациите ќе играат 27 селекции од Европа кои ќе се борат за 11 места на Евробаскетот во 2017 година. Квалификациите за пласман на Европскиот шампионат во 2017 кој ќе се игра повторно во четири земји, Финска, Израел, Романија и Турција се играат од 31 август до 17 септември.

Четирите  коорганизатори автоматски се пласираа на ЕП, покрај нив сигурни учесници на континенталниот собир се и минатогодишните финалисти Шпанија и Литванија и седумте селекции учесници во Олимписките квалификации, Италија, Србија, Хрватска, Грција, Франција, Чешка и  Латвија.

На ждрепката во Минхен присутни беа и претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски и генералниот секратар  Моника Гаврилоска.