Ова е термините за натпреварите со Норвешка и Белорусија

Македонската ракометна репрезентација сеуште ја чека првата победа на евро шампионатот кој се одржува во Полска.

EHF EURO 2016 - Macedonia vs. Poland

По поразите од Франција и Полска во првата фаза и ремито со Србија, стигна нов пораз за ракометарите на Македонија во втората фаза од Хрватска со 10 голови разлика.

Следниот предизвик за ракометарите е Норвешка која во првата фаза ја победи Хрватска со 34-31, а натпреварот со Македонија се игра за 4 дена на 25 јануари во понеделник со термин на одигрување на средбата од 18 часот и 15 минути.

По мечот со Норвешка, Македонија во последниот натпревар од втората фаза на 27 јануари во среда ќе игра со Белорусија, а натпреварот е закажан за 16 часот.

Доколку Македонија оствари две победи тоа ќе значи 4 бода и да се надеваме на пласман во 1/4 финалето и нокаут фазата со што најмалку можеме да го освоиме 8-то место.

Се надеваме дека македонските ракометари ќе не израдуваат конечно со првата победа на ЕП 2016 во Полска.

Напред МАКЕДОНИЈА!