Комплетирани стартните петорки за Ол Стар натпреварот во НБА лигата

Loading

Во НБА лигата познати се стартните петорки за Ол-Стар натпреварот кој оваа година ќе се одржи во Торонто на 5-ти февруари.

all star

Најмногу гласови доби Коби Брајант и ќе го игра последниот ол стар во кариерата, па така ќе добие шанса да заигра во спектакуларниот натпревар на најдобрите во НБА.

Во тимот на Западот покрај Коби се Кевин Дурент од Оклахома, Каваи Ленард од Сан Антонио, Стеф Кари од Голден Стејт и Расел Вестбрук од Оклахома сити.

Истокот ќе го предводи Леброн Џејмс со неговиот 12-ти настап на Ол-Стар по ред, а во стартната петорка ќе бидат уште и Пол Џорџ од Индијана, Кармело Ентони од Њујорк, Двејн Вејд од Мајами и Кајл Ловри од Торонто.

Резервните состави на истокот и западот ќе ги одредат тренерите кои ќе ги предводат тимовите.

Возбудувањата од Ол Старот во Торонто 2016 започнуваат на 12 февруари и ќе траат до 14-ти, а освен ол стар натпреварот, најдобрите кошаркари на планетата ќе се натпреваруваат и во натпреварот во вештини, тројки и во забивања.