Индијан Велс: Џоковиќ и Надал со многу мака во 3.коло!

Loading

На тениските терени во Индијан Велс се игра мастерсот од серијата 1000 каде на програмата е 2.коло.

indian-wells-2016

Кај мажите Новак Џоковиќ и Рафаел Надал успеаја да се пласираат во третото коло, но мораа да играат три сета за да дојдат до победи.

Првиот носител Новак Џоковиќ беше подобар од Фратангело со 2:6, 6:1, 6:2, за нешто повеќе од 100 минути игра.

Надал пак мораше да одигра 133 минути против Жил Милер од Луксембург, успевајќи да го совлада со 6:2, 2:6, 6:4 и исто така да избори учество во третото коло.

Пласман во следната рунда обезбедија уште Баутиста, Зверев, Тием, Манарино, Цонга, Квери, Нишикори, Симон, Лопез, Колшрајбер, Сок, Иснер, Вердаско и Џонсон.

Кај дамите во 3.коло се пласираа Јанковиќ, Халеп, Азаренка, Ивановиќ, Радванска, Квитова, Серена Вилијамс, Стрицова, Женг и Бушар.