Руската тениска убавица, Марија Шарапова ги доживува најлошите моменти во кариерата!

Loading

И обединетите нации ја суспендираа Марија Шарапова од функцијата „амбасадор на добра волја“, откако руската тенисерка призна дека била позитивна на допинг тестот.

maria-sharapova1

УНДП, која работи на намалување на сиромаштијата и нееднаквоста меѓу луѓето, на овој начин ја прекина деветгодишната соработика со руската тенисерка.

„Благодарни сме и на Марија Шарапова поради тоа што ја поддржуваше нашата работа, особено програмата со закрепнувањето на регионот по нуклеарната катастрофа во Чернобил. Сепак, како резултат на нејзинотро неодамнешно обраќање во јавноста, минатата недела ја суспендиравме нејзината улога како ‘амбасадор на добра волја“ и ги откажавме сите планирани активности се додека истрагата е во тек“, се наведува во соопштението на УНДП.

Maria Sharapova

Откако Шарапова обелодени дека „паднала“ на допинг тестот, спонзорите какио Најк, Порше… започнаа да ги раскинуваат своите договори, но овој раскин на соработка дополнително ќе го наруши угледот на Русинката.