По цели 18 години владеење на Сеп Блатер, ФИФА следниот месец конечно ќе добие нов претседател.
Светската куќа на фудбалот го објави и списокот на кандидати, претенденти за нов претседател на организацијата.
Во трката ќе учествуваат: Џани Инфантино, Жером Шампањ, Токио Сексвејл, принцот Ал Бин ал Хусеин и шеикот Салман Бин ал Калиф.
Сеп Блатер ја напушта функцијата по низата скандали за корупција поради што доби и суспензија, исто како и првиот човек на УЕФА Мишел Платини и тие двајца неможат да се кандидираат за претседател на ФИФА.
Комисијата која ќе биде формирана за изборот за нов претседател на ФИФА ги потврди кандидатурите, токму денеска, а самиот избор ќе биде на почетокот на следниот месец февруари и ќе се одлучува со тајно гласање.