Според угледниот магазин Форбс, НБА тимот на Њујорк Никси е најбогат клуб во лигата со 3 милијарди долари.
Вредноста на клубовите во НБА лигата годинава се подобри во просек за 14 % во однос на претходната 2015 година, а вредноста на Њујорк Никс е подобра за 20% во однос на лани по договор со еден кабелски оператор и поради најдобриот приход во лигата од влезниците за најскапите билети.
Никси се четврта највредна спортска франшиза во САД, зад НФЛ тимовите Далас „Каубојс“ со 4 милијарди долари и Њу Ингланд „Петриотс“ со 3,2, додека бејзбол екипата Њујорк „Јенкијс“ вреди 3 милијарди долари.
Претходната година на врвот беше „Лејкерс“ а сега се втори на листата на Форбс со 2,7 милијарди долари што е четири 4% повеќе отколку минатата година.
Чикаго „Булс“ се трети, а нивната вредност се проценува на 2,3 милијарди долари, па следнуваат Бостон „Селиткс“ со 2,1 милијарда и Лос Анџелес „Клиперс“ со 2 милијарди долари.
Шампионот од минатата сезона тимот на Голден Стејт „Вориорси“ се наоѓа на 6-тото место на листата со 1,9 милијарди долари вредност која е подобрена за 46% најмногу поради новата арена која треба да се отвори за сезоната 2018/19.