Ожие со победа на релито во Монте Карло ја започна одбраната на титулата во Рели шампионатот

Loading

Актуелниот шампион на ВРЦ рели шампионатот, французинот Себастијан Ожие со победа на првото рели во новата сезона ја започна одбраната на титулата.

ogier monte

Тој со одлично возење во сите 4 дена успеа да триумфира и на својата трета последователна трка во легендарното рели WRC во Монте Карло.

Втор со речиси 2 минути заостанување беше неговиот “соиграч” Андреас Микелсен, а на третото место се најде Тиери Невил со новиот Хјундаи И20 со 3 минути и 17 секунди зад победникот.

На многу тешки и лизгави делници, со безбројни замени на гумите, Себастијан Ожие излезе на чело во генералниот пласман во шампионатот со 28 поени, вториот Андреас Микелсен со 19, а третиот Тиери Невил со 15 поени.

Светскиот рели шампионат продолжува меѓу 11 и 14 февруари, а ќе се вози во Шведска.