Ел Шарави го сака пола Италија, заминува од Монако!

Loading

Стефан Ел Шарави заминува од кнежеството, а Монако нема да му го откупи договорот на младиот италијанец.

Stephan El Shaarawy Monaco

Тој со сигурност ќе го напушти Монако во зимскиот преоден рок, а негова следна дестинација ќе биде повторно Италија.

Ел Шарави изминатиот период настапуваше во Монако како позајмен фудбалер од Милан, со опција францускиот тим да го откупи во целост неговиот договор, но сепак тоа нема да се случи, па така тој ќе се врати повторно во Италија.

За него постои огромен интерес од неколку клубови, Рома, Болоња, Џенова, Интер и Милан, но се чини дека „росонерите“ нема да го вратат назад Ел Шарави, бидејќи тренерот Синиша Михајловиќ  за неколку недели во своите редови повторно ќе ги има на располагање Балотели, Менез и повратникот Кевин – Принц Боатенг.

Да не ги заборавиме и Карлос Бака и Мбаје Нијанг кои се наоѓаат во одлична форма, па така тешко е за верување дека за Стефан Ел Шарави има место во „црвено-црниот“ дрес.

Рома и Интер се во пол позиција за неговиот потпис, бидејќи Хуан Итурбе замина од „Олимпико“, и би бил идеална замена за него, а и Икарди би можел да го напушти тимот на Интер ова зимо.