Надал против Раониќ ќе игра во финалето на егзибицискиот АТП турнир во Абу Даби

Шпанецот Рафа Надал кој е втор носител и канаѓанецот со црногорско потекло Милош Раониќ ќе играат во финалето на АТП егзибицискиот турнир што се одржува во Абу Даби.

abu-dhabi-exhibition-2016

Надал во првото полуфинале во три сета со 6:3, 6:7 и 6:3 го совлада својот сонародник Давид Ферер, додека Милош Раониќ беше подобар од првиот фаворит на турнирот швајцарецот Стен Вавринка со 2:0 по сетови 7:5 и 7:5.

Петтото место на турнирот го освои Фелисијано Лопез откако со 2:0 во сетови на два пати во тајбрејкот со 7-6 славеше против Кевин Андерсон од Јужна Африка.

Финалето се игра во 16 часот по македонско време.