Дали Ван Гал знае што зборува? За него 2015 била добра година!

Повеќекратниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед е на 6. место на табелата, а менаџерот Луис Ван Гал е под закана за отказ.

MANCHESTER, ENGLAND - SEPTEMBER 14:  Manager Louis van Gaal of Manchester United waves to the crowd after the Barclays Premier League match between Manchester United and Queens Park Rangers at Old Trafford on September 14, 2014 in Manchester, England.  (Photo by Matthew Peters/Man Utd via Getty Images)

Сепак тој даде интересна изјава:

,,Желбите од минатата сезона ги остваривме се пласиравме во ЛШ, а успеавме да направиме баланс во тимот. Резултатите од тоа беа видливи во октомври и во ноември, кога бевме на првото место во Премиер лигата. Следуваше елиминацијата од Лигата на шампионите, што беше тежок удар за нас и тоа и натаму е присутно. Може да се каже дека имавме добра година за нас,, изјави Ван Гал.

Манчестер Јунајтед ќе се бори за трофеј во Лигата на Европа, а беше на врвот на Англија во ноември, но со серија од 8 натпревари без победа падна на табелата.

Црвените Ѓаволи се без победа од 21 ноември кога го совладаа Ватфорд, но сепак ќе имаат можност да се поправат и да излезат од лошата серија веќе утре кога на домашен терен ќе играат против отпишаните Свонси.