Диего Симеоне заминува од Атлетико Мадрид!

Loading

Тренерот на Атлетико Мадрид. аргентинскиот стручњак Диего Симеоне од следната сезона ќе биде нов тренер на Челзи.

Diego-Simeone

Симеоне на Стенфорд Бриџ треба да заработува околу 12 милиони евра по сезона, а се шпекулира дека договорил соработка на четири години.

Тој ќе го наследи Холанѓанецот Гус Хидик, кој беше привремено решение откако Жозе Мурињо во декември минатата година доби отказ.

Симеоне во Атлетико дојде во декември 2011 година и со овој тим освои 5 трофеи – Лигата во 2014, Лига Европа во 2012, европскиот Суперкуп истата година, Кралскиот куп во 2013 и шпанскиот Суперкуп во 2014 година.