ЛШ: Минимални победи на ПСЖ и Бенфика во првите 1/8 финални средби!

Одиграни првите средби од осминафиналето во Лигата на шампионите.

France Soccer Champions League

До победите стигнаа домашните тимови, но ќе имаат многу тешка задача да ги одбраната резултатите од првите средби, а ПСЖ и Бенфика се стекнаа со минимална предност во првите мечеви. ПСЖ го совлада Челзи со 2:1, додека Бенфика минимално славеше над Зенит со 1-0.

ПСЖ беше подобар противник, иако и Челзи имаше свои шанси да го избегне поразот. Ибрахимовиќ го постигна првиот гол во 39.минута, од слободен удар, а на патот до голот топката го закачи Оби Микел и заврши во голот на Куртоа.

Челзи израмни во последниот напад, во првиот дел, по корнерот на Вилијан, во мешаницата најдобро се снајде Оби Микел за 1-1 по првиот дел.

Победата на ПСЖ му ја донесе резервистот Кавани во 79.минута, откако влезе во игра 5 минути претходно.

Бенфика и Зенит, во Лисабон, одиграа тврд натпревар, без речиси ниту една вистинска шанса за постигнување на гол, но сепак минимална предност на Бенфика и обезбеди Жонас кој погоди во 91.минута, откако една минута предходно Зенит остана со играч помалку поради црвениот картон на Кришито.

Benfica's Brazilian forward Jonas (R) celebrates after scoring a goal during the UEFA Champions League round of 16 football match SL Benfica vs FC Zenith Saint-Petersburg at the Luz stadium in Lisbon on February 16, 2016. / AFP / FRANCISCO LEONGFRANCISCO LEONG/AFP/Getty Images
Benfica’s Brazilian forward Jonas (R) celebrates after scoring a goal during the UEFA Champions League round of 16 football match SL Benfica vs FC Zenith Saint-Petersburg at the Luz stadium in Lisbon on February 16, 2016. / AFP / FRANCISCO LEONGFRANCISCO LEONG/AFP/Getty Images

Реванш средбите се играа за две недели, а вечерва на програмата се нови две први осминафинални средби каде се среќаваат Рома-Реал Мадрид и Гент-Волфсбург.