Борко Ристовски од следната сезона клубски колега со Кире Лазаров во Барселона

Loading

Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски во новата сезона ќе биде клубски колега на Кирил Лазаров во дресот на Барселона.
ristovski
Ристовски ќе застане на голот на каталонскиот гигант и актуелен европски шампион, а ќе го замени Даниел Шариќ, кој ја напушта Блауграна.

Борко Ристовски наводно потпишал договор на две години, а македонскиот репрезентативец со преминот во РНЛ и одличните партии го привлече вниманието на Барселона која на крајот на сезоната ќе остане само со шпанскиот репрезентативен голман Гонсало Перез де Варгас.

Сепак Ристовски е во дилема каде да ја продолжи кариерата, бидејќи и неговиот сегашен клуб РНЛ му понуди продолжување на договорот.
lazarov-Ristovski
Новиот клуб за Ристовски е вкупно трет во Шпанија, бидејќи претходно настапуваше за екипите на Теукро во (2006 и 2007) и Алгесирас (2007).