По 4 години конечно Глазгов Ренџерс се враќа во шкотската премиер лига!

Loading

Фудбалерите на Глазгов Ренџерс од следната сезона повторно ќе бидал дел од шкотската Премиерлига.

rangers

Глазгов Ренџерс го совладаа Думбартон со 1:0, по што и матаметички обезбеди враќање во елитната лига на Шкотска.

Еден од најславните светски клубови и клуб со најмногу трофеи во историјата на фудбалот, пред четири години банкротира поради што беше префрлен во најнискиот ранг во шкотскиот фудбал.

По четири години конечно Ренџерси успееја и се вратија во Премиерлигата, што значи дека од наредната сезона Глазгов повторно ќе живее за големото дерби со Селтик.

rangers1

Ренџерси имаат историја долга 144 години, 54 пати биле шампиони на Шкотска, 33 пати го освојувале Купот, а 27 пати Лига купот.

Минатата година во баражот не успееја да влезат во елитата, а оваа година на убедлив начин го сторија тоа со освојување на првото место во втората лига.