Во Лигата на шампионите се одиграа првите четвртфинални средби.
До предност во првите дуели стигнаа фудбалерите на Барсалона и минхенски Баерн против мадридски Атлетико, односно Бенфика.
Барселона, во шпанската четврфинална пресметка, славеше над Атлетико Мадрид со 2:1. Клучниот момент на натпреварот се случи во 35.минута кога Фернандо Торес, непотребно, го доби својот втор жолт картон.
Напаѓачот на Атлетико претходно „пожолте“ во 29.минута. Европскиот првак не блескаше ниту на овој меч, особено Барселона делувеше немоќно во првиот дел, кога Атлетико постигна гол преку Торес во 25.минута, по додавањето на Коке.
Со играч повеќе на теренот, Барселона целосно доминираше во второто полувреме. Луис Суарез израмни на 1-1 во 63.минута, а истиот играч во 75.минута со својот втор гол го постави конечниот резултат. Реваншот кој ќе се одигра на „Винсенте Калдерон“.
Инаку ова беше третиот сезонски дуел на овие два тима и сите го имаа истиот епилог, Барселона славше со 2:1, откако Атлетико прв постигнуваше гол.
На вториот меч Баерн како апсолутен фаворит влезе во мечот со Бенфика, но Баварците се мачеа со тактички одлично поставената игра на португалскиот тим.
Баерн победи со 1:0, а единствениот гол уште во четвртата минута го постигна Артуро Видал.