Нема да верувате на кое место падна Македонија на ФИФА листата!

Loading

По поразите од Словенија и Бугарија, Македонија падна за дополнителни три места на ФИФА ранг листата и сега сме на мизерното 141. место.

makedonija

Македонската фудбалска репрезентација никако да престане да тоне на ФИФА ранг листата, ги рушиме сите сопствени рекорди, па полека но сигурно одиме кон 150. позиција.

Пред нас на табелата се земји како Белизе, Северна Кореја, Кенија, Сиера Леоне, Буринди, Свазиленд, Танзанија… рангот на Македонија достигнува срамни размери.

ФИФА листата има нов лидер, откако едно место нагоре се искачи Аргентина на првата позиција, а Белгија по поразот од Португалија падна на второто место.

Во топ 10 следуваат уште и Чиле, Колумбија, Германија, Шпанија, Португалија, Уругвај и Англија.