Францускиот репрезентативец Пол Погба ќе стане најскапиот фудбалер во светот, а висината на трансферот ќе биде 120 милиони евра.
Јувентус првично ја одби понудата од 101 милион евра, но откако Погба изјавил дека сака да замине од клубот преговорите продолжиле, а старата дама побарала сума од 120 милиони евра.
Од оваа сума 100 милиони се за Јувентус а 20 за фудбалерот и менаџерот на Погба.
Трансферот ќе го сруши досегашниот рекорд од 100.8 милиони за трансферот на Герет Бејл во Реал Мадрид.
Пред само четири години Погба, без обесштетување го напушти Манчестер Јунајтед, откако го одби договорот кој му го понуди Алекс Фергусон, па така грешката на сер Алекс сега Јунајтед ќе го чини околу 120 милиони евра.