МЗТ Скопје никако да ја заврши серијата лоши резултати во АБА лигата и во 12.коло забележаа нов 8-ми пораз во сезоната.
Металците загубија во Словенија од Тајфун со 68:62 и го запиша петтиот пораз по ред, додека Тајфун има една победа повеќе.
На теренот на дебитантот во регионалната лига, во текот на целиот меч се водеше голема борба, а Тајфун единствено во финишот на третата четвртина стигна до двоцифрене предност од 47:36.
МЗТ Скопје во финишот на мечот се врати во игра и стигна до поен негатива но неговите играчи немаа сили за целосен пресврт.
Марко Луковиќ постигна 12 поени за МЗТ Скопје, додека Ѓорѓе Дреновац и Душко Буниќ реализираа по 10 кошеви, додека словенскиот тим Тајфун го предводеше Томаш Болчина со 19 поени.
МЗТ Скопје во наредното коло во АБА лигата на 6.декември ќе ја пречека Цедевита.