Валенсија остана без тренер. Санто си поднесе оставка по поразот од Севиља!

Нуњо Еспирито Санто си поднесе оставка на функцијата тренер на фудбалерите на Валенсија.

santo1

Ова се случи по поразот во Севилја од 1:0, а Санто разговарал со претседателот и потоа донел одлука да ја напушти Валенсија.

Ми претставуваше голема чест што го предводев овој тим, но во моментов најважно е клубот да остане обединет“, изјавил Еспирито Санто.

Португалецот во кариерата бил тренер во Рио Аве, Малага и Панатинаикос, а му бил и помошник на Жезуалдо Фереира во Порто.

santo2

Валенсија ја презеде во јуни 2014 година, а по 13 натпревари во шпанското првенство се наоѓа на деветтото место со 19 бодови.

Во следното коло Валенсија ќе игра против лидерот на табелата Барселона.