full screen background image
Последни Вести

,,Баварците” потпишаа нов договор со Адидас до 2030 година за 900 милиони евра

Баерн Минхен потпиша нов, историски договор со компанијата за спортска опрема„Адидас“ вреден неверојатни 900 милиони евра.

adidas

Адидас, која е и малциснки сопственик на клубот, одлучи да ја продолжи соработката со баварскиот гигант во наредните 15 години, до 2030 година.

Претходниот договор беше со важност до 2020 година, а сега е продолжен на уште 10 години и во тој период Баерн ќе добие 900 милиони евра, односно по 60 милиони евра годишно.

Тоа е најскап вкупен договор во моментов меѓу клуб и производител на спортска опрема во историјата на германското првенство, но не и во светот.

Рекордот го држи Манчестер Јунајтед кој, исто така со „Адидас“, потпиша десетгодишен договор за над 1 милијарда евра, или околу 100 милиони евра годишно.