Започна и италијанското Калчо, Рома одигра реми, Лацио едвај до победа

Loading

И во италијанското фудбалско првенство популарното Калчо викендов започна новата сезона со одигрување на две средби од 1.коло.

kalco1

Во воведниот натпревар се сретнаа фудбалерите на Верона и Рома, а натпреварот заврши без победник 1:1.

Рома со новите засилувања Џеко и Салах се вбројува меѓу кандидатите за титулата, на „Бентегоди“ во Верона одигра просечен натпревар, беше на раот на пораз но накрајот Флоренци му донесе бод на својот тим.

Претходно Верона преку Јанковиќ стигна до предност. Српскиот интернационалец го постигна првиот гол во новата сезона во Серија А.

roma1

Во вториот меч вечерва Лацио славеше против повратникот во Серија А тимот на Болоња со 2-1.

Натпреварот започна фуриозно и за 23 минути домашниот тим стигна до предност од 2:0 со головите на Биља и Кишна, а во финишот на првиот дел Манкусу го совлада Бериша и го постави конечниот резултат Лацио-Болоња 2-1.

Утре се играат и преостанатите мечеви од 1 коло:

Јувентус-Удинезе
Емполи-Киево
Фиорентина-Милан
Фрозиноне-Торино
Интер-Аталанта
Палермо-Џенова
Сампдорија-Карпи
Сасуоло-Наполи