ВИДЕО: Џоковиќ и Федерер ќе играат во финалето на тенискиот мастерс во Синсинати

Loading

Првиот тениски светски рекет Новак Џоковиќ избори пласман во финалето на тенискиот мастерс турнир во Синсинати, откако по голема борба во три сета го победи Украинецот Александар Долгополов со 4:6, 7:6, 6:2.

cincinnati-2015-djokovic

Џоковиќ само на овој мастерс нема освоено ниту една титула, а со победата над Долгополов се избори за своето петто финале на овој турнир.

Ноле против Долгополов се наоѓаше пред елиминација, се до тај брејкот на вториот сет кога неговата игра не функционираше, но сепак успеа да се извлече и да забележи победа.

Џоковиќ, вечерва ќе се бори за својата 25-та титула на турнирите од Мастерс серијата, а во финалето го чека Роџер Федерер кој во полуфиналето го победи Енди Мареј со 6:4, 7:6.

federer cincinnati

Федерер ја забележа петтата последовна победа над Мареј и во меѓусебниот скор сега води со 14-11.

Финалниот меч во Синсинати помеѓу Џоковиќ и Федерер ќе се одигра во 20 часот, а во меѓусебните дуели резултатот е израмнет 20-20, но Новак ги доби нивните последни три пресметки.