(ВИДЕО) Тој беше најголемиот шмекер во НБА лигата – Спиеше со 20.000 жени, а остана ерген!

Легендарниот Вилт Чембрлен беше нешто посебно – неверојатен кошаркар, веројатно најкомплетниот и најдоминантен досега, вистински НБА кошаркарски ѕвер од 216 сантиметри и 125 килограми, но и секако најголемиот заводник во историјата на спортот.

Животот на Вилт надвор од кошаркарските терени беше подеднакво турбулентен и возбудлив, а може да се каже дека соборуваше рекорди и кога се во прашање жените.

Сигурно сте ја слушнале приказната дека во текот на животот спиел со над 20.000 жени.

„Спиев со преку 20.000 различни жени, што практично значи дека секој ден спиев со различна жена од мојата 15-та година“, изјави Вилт.

Во неговата биографија, објавена во 1991 година, тој изјавил дека секој ден спиел со најмалку една жена, а често и неколку.

Постојат гласини дека тој намерно додал една нула за да остави посилен впечаток, сепак, Вилт се покажа дека прави чуда со бројки, па ќе му веруваме.

Цел живот беше ерген. Рекол дека неколку пати се сретнал со вистинските жени, но во погрешно време. Никогаш не се оженил затоа што сакал слобода да води љубов со многу жени.

За време на неговата играчка кариера, тој водел евиденција за тоа со колку жени спиел на една гостинска турнеја. За 10 дена спиел со 23 жени, што е во просек 2,3 дневно.

Наклонетоста на Вилт за тројки и оргии го покажува и фактот што тој имал една соба дома која практично целата била кревет.

„Тој беше вистински уметник во заведувањето жени. Беше полн со самодоверба, но и почитуван, никогаш не беше груб“, ги откри своите впечатоци еднаш шведската атлетичарка Анет Танандер, која имала 19 години кога го запознала 40-годишниот Вилт.

Интересно, имаше и сведочење дека тој можел да ја остави својата придружничка на масата за да побара број од друга девојка на соседната маса.

На многумина и денес им е чудно како со таков начин на живот успеал да избегне посериозна венерична болест и што зад себе не оставил потомци.

Пред седум години, еден човек се јави тврдејќи дека Вилт е неговиот татко, но тој никогаш не можеше да го докаже тоа.

Вилт ја испиша историјата на кошарката и постави бројни рекорди во НБА кои никој не успеал да ги достигне до денес.

Импресивни бројки:

– Рекорд по бројот на постигнати поени на еден натпревар: 100 поени.
– Највисок просек на поени во сезоната: 50,1 поен по натпревар.
– Рекорд по бројот на поени во една сезона: 4029 поени.
– Рекорд за бројот на скокови на натпревар: 55 скокови.
– Просеци во кариерата: 30,1 поен по натпревар и 22,9 скока.

Вилт беше најдобар стрелец во НБА седум сезони по ред, и водечки скокач во лигата 11 сезони по ред.

Освои два шампионски прстени, со Филаделфија и Лејкерс, а во една сезона беше и прв асистент на најсилната лига на светот.

фото: AP

Во март 1962 година, Чембрлен успеа да направи нешто неверојатно. Тој постигна дури 100 поени против Њујорк Никс, што е апсолутен рекорд кој речиси сигурно никогаш нема да го собори никој во НБА.

По натпреварот им пријде на играчите на Никс и им се извини за 100-те поени, велејќи дека не планирал да направи такво нешто, но тоа се случи.