Коби Брајант, најави дека претстојната сезона веројатно ќе му биде и последна сезона во кариерата.
Брајант последните неколку сезони има проблеми со повредите и на 37 години најверојатно веќе се гледа неговиот крај.
Тоа е тешка одлука, со играчите со кои што разговарав за ова ми рекоа дека ќе си знам сам кога ќе биде време за повлекување, по се изгледа одлука ќе донесем по крајот на новата сезона изјави Брајант.
Тој смета дека Лејкерс можат да стигнат до плеј-офот оваа сезона. Минатата сезона во само 35 настапи Коби имаше просек од 22.3 поени, 5.7 скокови и 5.6 асистенции.
Последниве две сезони поради повредите настапи на 41 натпревар за Лејкерси. Коби за 2015/16-та ќе инкасира 25 милиони долари.