Македонија на 103-тото место на ФИФА ранг листата

Loading

Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за две места на најновата ФИФА ранг листа и моментално сме на 103-тото место.

makedonija

Македонија и понатаму има 311 бодови, а направи скок поради падот на Бенин и Салвадор.

Најдобро рангирана селекција од нашата квалификациска група и понатаму е Шпанија, која имаше напредок за една позиција и сега се наоѓа на 11-тото место, потоа Словачка е 14-та, Украина го зазема 30-тото место, Белорусија е 96-та и Луксембург се наоѓа на 145-тата позиција.

Меѓу првите десет репрезентации единствена промена е Белгија која се искачи на втората позиција, додека Германија сега е третопласирана.

На чело на ранг листата е Аргентина, а потоа следуваат Колумбија, Бразил, Португалија, Романија, Англија, Велс и Чиле.