Лаказет останува во Лион до 2019 година

Loading

Александре Лаказет е играчот кој пола Европа го сака, а тој одамна е на мета на Арсенал, ПСЖ и Ливерпул кои се спремни да платат богатство само за да го облече нивниот дрес.

lacazette1

24-годишниот Французин сезоната која измина беше најдобар стрелец во француската лига и си заработи повик за настап во националниот состав на Франција.

Се шпекулираше дека Лаказет ќе премине во лутиот ривал ПСЖ, но по се изгледа дека тој и понатаму ќе го носи дресот на Лион.

Тој го продолжил договорот со Лион до 2019 година, а според новиот договор Лаказет ќе заработува 4,2 милиони евра по сезона, што значи дека со сигурност тој ќе остане во својот матичен клуб и наредната сезона.

Минатата сезона беше прв стрелец во Франција со постигнати 27 гола, а од 2010 година има 139 настапи за Лион каде постигнал 51 гол.