Видео: Оклахома Сити ја почуствува моќта на Реал Мадрид!

Loading

Во НБА лигата започнаа натпреварите од претсезоната, а неколку клубови формата ќе ја темпираат и на европско тло.

реал-оклахома

Така во Мадрид, на тимот Реал гостиваше составот на Оклахома Сити.

Во извонреден натпревар каде имаше и две продолженија домашниот тим на Реал стигна до победа против Оклахома Сити со 142-137.

Триумфот над Оклахома е втор за Реал против една НБА екипа, откако пред 9 години славел над Торонто Репторс.

Реал, во втората четвртина, во еден период имаше негатива од 22 поени, но до крајот трпеливо ја топеше предноста на НБА тимот.

вестбрук

Љуљ со неверојатна тројка во последната секунда го однесе мечот во дополнителните пет минути.

Бекот на Реал натпреварот го заврши со 22 поени, а интересно постигна тројки со звукот на сирената на крајот од втората, третата и четвртата четвртина.

Најефикасен кај Реал беше Џејси Керол со 24 поени, а Отело Хантер забележа 19 поени и 5 скока.

Кај Оклахома Виктор Оладипо уфрли 34, а Енес Кантер 29 поени.

Најдобриот играч на Оклахома, Расел Вестбрук постигна 18 поени, сите во првото полувреме, во вториот дел и продолжението не влегуваше во игра.

реал-оклахома

Во рамки на својата претсезонска турнеја Оклахома Сити вечерва ќе игра и против Барселона.

Инсерти од мечот…