Легендата на клубот се враќа во Милан, но под еден услов…!?

,,Само да се биде јасен,, e клучниот збор на Паоло Малдини за да влезе во спортскиот сектор на Милан под раководство на новите сопственици од Кина.

малдини

Еден од најголемите капитени во историјата на фудбалот, Паоло Малдини сè уште не донел конечна одлука дали ќе ја прифати понудата на Кинезите кои го купија Милан.

Малдини, кој во кариерата одигра 902 меча во Серија А од 1985 и 2009 и освои 7 скудета, 5 Лига на шампиони, 2 Интерконтинентални купа и Светско клупско првенство, во моментов преговара со новите газди на „Росонерите“.

Паоло има нераскинлива врска со Милан, и доста е внимателен со јасни идеи за неговото враќање во базата.

Прв услов е: „Не можам да се наметнувам без да ги запознаам Кинезите. Има две важни работи:

,,Сакам директна одговорност и јаснотија околу мојата улога“, вели Малдини кој знае колку тренери и спортски работници во светот работат по налог „од горе“, а тој не сака мешање во неговата работа.

Од друга страна, преку 22.000 навивачи на анкетата на Газета.ит гласале за враќање на легендата во клубот, а дури 93,7 % од читателите се изјасниле позитивно.

малдини11

Малдини досега четири пати се сретнал со привремениот спортски директор на Милан, Марко Фасоне, но сè уште не одговорил потврдно.

„Сакам да го видам проектот, нивниот план, да зборуваме за стратегии, да ги слушнам нивните цели и насоки“, заклучува синот на големиот Чезаре Малдини и додава дека неговиот статус ќе се дефинира во наредните неколку дена.

Во случај Малдини да не прифати, како негова алтернатива се споменува името на Масимо Амброзини.