Желбата на Инфантино наскоро се остварува, 48 селекции на едно СП!

Loading

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино предложи во иднина на светските првенства да учествуваат 48 репрезентации.

инфантино

Бројката е поголема од она која Инфантино ја предложи во своите предизборни ветувања.

Целта е да го развие фудбалот во сите делови на планетата, односно да им овозможи и на фудбалски послабите нации да учествуваат во распределба на финсискиот колач.

Според Инфантино, пред почетокот на фазата по групи би се одиграло едно претколо, по кое 16 репрезентации би се простиле од Мундијалот.

Потоа во фазата по групи би се пласирале 32 репрезентации, поделени во 8 групи по 4 селекции, а по завршувањето на оваа фаза би следувала нокаут рундата.

Инфантино во својата предизборна програма вети светско првенство со 40 репрезентации.

„Имаме идеи, сега треба да го најдеме вистинското решение.

,,Предлозите ќе ги разгледуваме во текот на овој месец, а конечната одлука ќе ја донесеме на почетокот на наредната година“, рекол Инфантино.

И понатаму на СП ќе учествуваат 32 репрезентации, единствената разлика е што на забавата ќе дојдат 48 селекции“.

Џани Инфантино во февруари стана претседател на ФИФА, тој беше избран по заминувањето на Сеп Блатер кој беше суспендиран поради скандалот со Мишел Платини.